Од каде е набавен и за која цел отровот „Ланате“ од кој до смрт се затру жена, а две лица се во кома? 

Истрагата треба да покаже од што е предизвикана смртта кај 47-годишна скопјанка која почина по јадење на домашно пригитвена пита со праз, а нејзиниот сопруг и свекрвата се во кома на КАРИЛ. 

Засега од Токсикологија велат дека се работи за труење со „метомил пестицид“, но како се нашол овој отров во храната која ја јадело ова скопско семејство не се знае. 

На социјалните мрежи бурни реакции. Ова се дел од нив: 

– Истрагата трае. Не се знае кој што ставил и дали ставил. Не се знае дали е со намера или по грешка, ако ставил. Затоа е паметно да се чека крајот на истрагата, а не да се шпекулира. И во пожарот во стан изгоре човек, па на крај излезе дека причината за смртта се убодни рани, а дека пожарот е подметнат за да се скрие кривично дело. Не е во ред да се кажува кој што ставил, а тој некој да е во кома. Но она кое е сигурно е дека отровот не смее да се продава во Македонија. Тоа не значи ни дека е купен во Македонија. Кој го набавил, од каде и за која цел? Како завршил во телото на овие лица? Истрагата треба да даде многу одговори. Не ми се избрзува со мудрувања ама треба да се постават сите прашања, вели новинарката Мирослава Симоновска. 

https://www.facebook.com/100002290486989/posts/pfbid024FBxzLaihbvkZyhMNSXVZkXGMisT6YHBSko9oUCD8Z2UxcpLdjZyWK5qtcVTDGWMl/?mibextid=Rm1F5m

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons