Свет

Оваа зграда во Турција не ја урнаa ниту двата земјотреса – Oва е причината ФОТО

Каранмараш е град во јужна Турција, кој е еден од најтешко погодените од катастрофалниот земјотрес што ја погоди земјата во понеделникот.

Градот се стресе два пати, првиот пат кога јачината на земјотресот беше 7,8 и вториот со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала. Тоа беше доволно за голем број висококатници да се срушат како кула од карти, носејќи илјадници луѓе со себе во смрт.

Неколку дена по земјотресите, на Твитер се појави фотографија, која потоа се прошири и на „Редит“, а на неа се гледа една градба, која буквално е недопрена, дури не е ни напукната или оштетена додека околу неа има само урнатини. Сцената е надреална, како да е во прашање апокалипса.

Тоа беше доволно за да го привлече вниманието на Мхир Уктраш, кој сподели две фотографии од градбата која цврсто стои, на која ни двата силни земјотреси не можеа да ѝ направат ништо, но затоа сѐ околу неа е преплавено со шут и бетон.

По ова, почна да се поставува прашањето, на кој му припаѓа оваа градба. Набрзо пристигна и одговорот:

„Зградата на фотографијата е Зграда на провинцискиот претставник на Комората на градежни инженери на Кахраманмараш. Не се потребни повеќе зборови. Науката и инженерството се доволни за да се изградат објекти кои ќе преживеат таков голем земјотрес. Сѐ додека науката и технологијата се пременуваат во корист на народот“ – напиша Улташ на Твитер.

Инаку, таа фотографија беше повод да се започне полемика како и зошто се урнаа зградите, а зградата на градежните инженери остана недопрена. 

Еден од твитерџии му реплицираше на Улташ со коментар:

„Секако дека е цврста, но најголемата причина зошто не се урнала е што има два ката, добро го познавам Мараш, пола град на пазарот беше нива на меко тло, секогаш правеа згради од 9-10 ката, но западната страна на градот има потврда почва, така што уништувањето беше помало.

Тој исто така додаде дека се надева оти во иднина ќе се градат згради на соодветно земјиште и дека со зонирањето што го даваат градските власти за градба во иднина ќе се избегне поделба на мекото земјиште и негово претворање во градежни зони кои се 9-10 пати поевтини.

Улташ одговори дека е во право и додаде:

„Од друга страна, колку ката ќе се градат на кој терен, каде ќе се градат, како ќе се планираат градовите се области од науката и урбанистичкото планирање/инженерство“ – напиша тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons