Актуелно

Обвинителите едногласно ја одбија жалбата на Русковска 

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, останува супспендирана на работното место, откако Советот на јавни обвинители не ја прифати нејзината жалба.

Едногласно против гласаа Антонио Јолески, Изет Мемети, Фаик Арслани, Влатко Георгиевски,Фиданка Рајевска, Коле Штеријов, Арбер Исаку, Касна Жежова.

За жалбата се одлучуваше еден час без можност за присуство на новинарите на седницата.

Русковска е суспендирана откако доби кривична пријава од Управата за финансиска полиција. 

Русковска ја поднесе жалбата минатата недела и изјави дека е убедена дека ги има сите аргументи, меѓу кои и дека може да изврши претрес во „финансиска полиција“ по анонимна пријава.

Во меѓувреме оставка си поднесе и директорот на финансиска полиција, Арафат Муареми.

За Русковска, нејзиното суспендирање значи и суспендирање на правото и правдата во државата. Таа кажа дека ваквата одлука е притисок врз неа, кој ќе влијае и на колегите кои водат случаи за висока корупција.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons