Нормализирана работата во рудникот за јаглен Суводол по поплавата 

АД ЕСМ денеска известува дека е нормализирана работата на системите за ископ на јаглен и јаловина во рудниците на РЕК Битола ви Суводол, по поплавите кои ги зафатија во изминатиот период.

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, по обилните врнежи од дожд кои во петокот и вчера го зафатија рудникот и предизвикаа поплава, уверува дека ископот на јаглен и јаловина продолжува според планираната динамика. 

“ Сакам да упатам голема благодарност до сите вработени во РЕК Битола, особено вработените во рудникот Суводол за пожртвуваноста што ја покажаа изминатите два дена и натчовечките напори што ги вложија за да не трпи производството на електрична енергија. АД ЕСМ како секогаш, така и сега прави се што може за континуирано производство од нашиот најголемиот капацитет”, порача Ковачевски. 

И покрај проблемите во работата што ги предизвикаа обилните врнежи од дожд, системите со рудникот Суводол, според ЕСМ, не прекинале со работа ниту во петокот, ниту за време на викендот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons