Спорт

Норис победи во Мексико се качи на лидерската позиција

Ландо Норис прв ја мина целта на трката за Големата награда на Мексико, на подиумот имаше место уште за Шарл Леклер и Макс Ферстапен.

Британецот со денешната победа дојде и до лидерската позиција која ја презема од тимскиот колега Оскар Пјастри. Трката донесе интересен старт, Леклер кратко и ја презема првата позиција од Норис, меѓутоа многу брзо се врати, по што не ја изгуби и до крајот.

Покрај победникот, Норис еден од возачите кои ја обележија денешната трка беше Оливер Берман, младиот Британец успеа да заврши веднаш зад водечкото трио на четвртата позиција што е негов најдобар пласман во кариерата.

Пјастри трката ја заврши како петти, а зад него следеа: Антонели, Расел, Хамилтон, Окон и Бартолето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons