Нов бран на апсења во Турција поради обложување на фудбалски натпревари
Во рамките на истрагата за местење натпревари и обложување во турскиот фудбал, обвинителството во Истанбул во денеска објави дека се приведени 24 лица, меѓу кои и поранешниот потпретседател на Галатасарај Ерден Тимур.
Уапсени се и потпретседателот на Ејупспор, Фатих Кулаксиз, и функционер на Турската фудбалска асоцијација.
Обвинителите во Истанбул велат дека издале 29 налози за апсење, од кои 14 се однесуваат на фудбалери осомничени дека се обложувале дека нивните тимови ќе изгубат. Шест фудбалери се осомничени дека се обложувале и влијаеле на исходот од натпреварот помеѓу Касимпас и Самсунспор во октомври 2024 година.
Ова е трет бран апсења како дел од истрагата за местење натпревари и обложување во турскиот фудбал. Поради ова, во ноември, Турската фудбалска асоцијација суспендираше 150 судии. Исто така, речиси илјада фудбалери беа суспендирани, од кои 25 беа од Првата лига, додека останатите играа за клубови од втората, третата и четвртата турска лига.



