Нови снимки: Стојанче среде судски комплекс ја тепа Ивана, полицијата на два пати доаѓа и си оди
Со презентација на нови видео снимки, денеска во Кривичниот суд во тек е ново судење против Стојанче Јовановски, обвинет за самоубиството на неговата сопруга Ивана, која скокна од тераса во скопски Карпош заедно со нивната ќерка.
Обвинителството прикажа снимки од безбедносни камери лоцирани во близина на судскиот комплекс, каде јасно се гледа физички напад врз жената.
На видеото исто така се гледа како полицијата доаѓа на повик од починатата и разговара со сопружниците одделно, а тука е и сведокот Мартин Саздов.
Полицајците и првиот и вториот пат си заминуваат, а според обвинителката, полицијата на Ивана и рекла дека ако уште еднаш ги повика, ќе добие пријава за „лажно пријавување“.
Снимките се направени два часа пред трагичниот чин.



