Актуелно

Нови правила за одобрување возила 

Нов Правилник стапува во сила денеска со којшто се воведуваат новини и европски стандарди за одобрување на типот на возилото, единечното одобрување на возило, идентификацијата, оцената на техничката состојба и издавање на потврди за исполнетост на техничките барања за возилата.

Клучната промена е тоа што, по 17 години од донесувањето на Законот за возила, тој конечно ќе почне да се применува согласно европските стандарди, информираше Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини кое неодамна одржа работен состанок со над 40 овластени застапници и импортери на возила на кој ги презентираше измените во постапките за одобрување на возила, кои ќе стапат на сила од 1 септември.

Промените во постапките за одобрување на возила се: одобрување тип на возило за сите негови варијанти и изведби според WVTA документот, освен ако импортерот не побара поинаку, единечно одобрување ќе се врши исклучиво за возила за кои не е одобрен типот во државава и немаат одобрение за тип во ЕУ преку Биро за метрологија, возила со претходно одобрен тип во ЕУ или во државава немаат потреба од посебна постапка за единечно одобрување и директно одат во постапка за идентификација и оцена на техничката состојба, импортерите имаат обврска да издаваат потврди за исполнетост на техничките барања за сите возила за кои постоиевропско одобрение на тип (WVTA) или национално одобрување на тип, а за останатите возила за кои немаат возила не постои одобрение на тип во дрќавава или не постои одобрение на тип во ЕУ, импортерите немаат обврска да ги издаваат потврдите, ваквите возила ќе обезбедуваат потврди од независни институции прифатени од Бирото за метрологија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons