Нова група американски волонтери пристигнува во Македонија
Вкупно 38 Американци утре треба да пристигнат во Македонија за да служат како волонтери во Мировниот корпус. Тие ќе го споделат своето знаење и искуство волонтирајќи во училишта и организации низ државата.
Волонтерите ќе бидат пречекани на аеродромот од страна на директорот на Мировниот корпус во Северна Македонија, Дебора Конор.
За време на нивниот двогодишен престој во нашата земја, волонтерите ќе работат како наставници по англиски јазик во училиштата, како и во областа на развојот на заедниците во невладини организации и општини.
– Ова е 26-та група на волонтери кои ќе живеат и работат во градови и села низ државата. Во текот на првите три месеци, волонтерите ќе ги изучуваат локалните јазици и ќе се запознаат со македонската култура. Својата служба во Северна Македонија ќе ја почнат во декември. Повеќе од 800 американски државјани служеле во државава од 1996 година – информираат од Мировниот корпус.
Мировниот корпус е американска владина организација која ги реализира своите програми во партнерство со Министерството за образование и наука, Министерството за локална самоуправа и со Министерството за труд и социјална полити