Новак Ѓоковиќ по единаесет месеци повторно освои АТП трофеј
Новак Ѓоковиќ по пауза од 11 месеци повторно освои титула, вкупно 102. во кариерата, и тоа на едно од своите омилени места, Пекинг, каде што и понатаму не знае за пораз.
Српскиот ас до седмиот трофеј на турнирот стигна откако Алекс де Минор го предаде финалето при водство на Ѓоковиќ од 1-0 во сетови.
Во првиот сет двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис, па победникот беше решен во тај брејк. Ѓоковиќ беше подобар со 7-3 и поведе, а потоа следуваше необична ситуација во која и двајцата побараа медицински тајм аут. Сепак, очигледно проблемите на Де Минор беа посериозни, па Австралиецот одигра само еден гем во вториот сет, кој го доби, пред да реши да го предаде мечот.
Ѓоковиќ и вчера не го заврши полуфиналниот дуел со Данил Медведев, кој беше прекинат со дисквалификација на Русинот во момент кога српскиот тенисер имаше предност.
За Ѓоковиќ ова е седма титула во Пекинг, каде што претходно последен пат настапи во 2015 година.



