Актуелно

Никој не сака да служи доброволен воен рок во АРМ 

Никој не сака доброволно да служи војска во АРМ. Шестмесечниот извештај за спроведување на годишниот план на министерството за одбрана покажува дека за планираните фебруарски и јунски рокови ниту еден граѓанин не пројавил интерес и затоа не се реализирала оваа активност. Следната се планира за октомври.

Инаку Македонија воведе доброволно служење војска во 2007 година, во време траење од 3 месеци. Доброволците треба да се на возраст од 18 до 26 години кои претходно ќе поминат лекарски и психолошки тестови. Рокот го отслужуваат во карасната во Велес, а во првите 10 години тоа го направиле околу 4800 мажи но и жени.  За оваа активност државата на заинтересираните месечно им исплаќа по 10 отсто од просечната месечна плата или околу 50 евра и имаат можност потоа да станат професионални војници.

Од тука се поставува прашањето: Дали платата за доброволно служење војска е една од причините за да нема интерес?

Според истражувањето на Балканската безбедносна мрежа Македонија нуди најниски, а Словенија највисоки приходи околу 2300 евра месечно. Таму се служи 13 недели, а годишно имаат по околу 500 регрути кои имаат можност да полагаат и за возачка Б категорија.

Во Србија доброволниот рок трае најдолго 6 месеци, последната година имало 1200 доброволци кои месечно добивале по 35.000 динари.

Доброволното служење на воениот рок Хрватска го воведе во 2008 година, а во таа земја воениот рок сега практично трае осум недели, односно 40 работни дена. Платата за тој период е 400 евра месечно, а после тоа доброволците ќе може да се вработат во вооружените сили.

Црна Гора е последна во регионот што воведе доброволно служење воен рок во 2019 година. На првиот јавен оглас се барале  50 млади лица за паричниот надомест од 275 евра месечно.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons