НЕ 2, ТУКУ 4 ОТСТО ОД БДП ЌЕ ВЛОЖАТ ЗА АРМИЈАТА: Во Европа има нова воена сила
Се создава нова воена сила во Европа. Станува збор за Полска.
Со рекордни инвестиции во вооружувањето, Полска станува и воена сила, поставувајќи се како главен столб на НАТО на истокот. Полска годинава за одбрана ќе потроши 4,12 отсто од својот БДП. Тоа е двојно повеќе од препораката на НАТО од два отсто. Полска одвои околу 37 милијарди долари за одбрана. Државата лани потроши импресивни 3,92 отсто од БДП за одбрана. Буџетот на Полска за 2025 година вклучува уште еден рекорден трошок. Ќе потроши вкупно 43,6 милијарди евра.
„Очигледно разбираат дека режимот во Русија не штеди ништо и не сакаат да препуштат сè на случајноста, особено што ја почувствуваа руската, т.е. „советската чизма“. Другите европски земји, многу подалеку од Полска, исто така се вооружуваат, па логично е Полска да го преземе водството таму. Тие очигледно се свесни дека мора да бидат подготвени да го спречат она што никој не сака да се случи“, вели надворешно-политички аналитичар Денис Авдагиќ, како што пренесува порталот Индекс.
Откако почна војната во Украина пред скоро три години, Полска се вооружува. Претходно ја нарекоа и тенковска сила во Европа.