Македонија

„Не сакаме тава, сакаме права“, порачаа жените на осмомартовскиот марш

„Не сакаме тава, сакаме права“, „Денеска марш, утре штрајк“ и „Држава што не постапува е држава што убива“, порачаа учесниците на денешниот марш во Скопје под слоганот „Ќе преживеат ли жените овде?“, организиран по повод Меѓународниот ден на жената 8 март.

Организаторите велат дека маршот е поттикнат од колективната негрижа на државата кон жените и девојките, растечките стапки на насилство врз жените, фемицидите, економските и здравствени неправди.

„Жените и девојките во Македонија секојдневно живеат во страв и се прашуваат дали ќе го преживеат месецот, бракот или породувањето“, велат учесниците во протестот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons