МакедонијаНајново

Не запира одливот на медицински сестри од јавното здравство 

После Ковид пандемијата по 40-тина медицински сестри месечно си заминуваат од јавното здравство. Толку сестри доаѓале во Унијата за да земат потврди и да ги комплетираат документите за во странство, други пак оделе во приватни болници или ја менувале професијата.

– Многу е важно да се има автономност во професијата, здрава работна околина, подобри услови за работа, веднаш да се реагира, за да не се биде нација што ќе остане без медицински сестри., изјави м-р Гордана Бешлиовска,  претседател на Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението „ЗА НАС“ .

За да не остане Македониоја без медицински сестри неопходно е што поскоро да се формира Комора, да се донесе закон за сестринство, и да бидат платени соодветно на трудот и образованието, бараат од Унијата.

– Сестрите се силата на здравата нација. Континуирано на различни начини ја браниме професијата,рече Бешлиовска.

Меѓународната недела на сестринството Унијата ја одбележа со свечена академија и со хуманитарен базар, а собраните средства се наменети за помош на сестрите кои се лекуваат од малигни заболувања

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons