Свет

Нетанјаху му подари на Трамп златен пејџер 

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му подари на американскиот претседател Доналд Трамп златен и обичен пејџер, објави израелскиот Канал 12.

Се работи за симболичен подарок со оглед на тајната операција што ја десеткуваше милитантната група Хезболах. „Тоа беше одлична операција“, рече Трамп.

За возврат, американскиот претседател му подари на Нетанјаху фотографија од нив двајца, со посвета: „На Биби, големиот лидер“.

Во септември минатата година, илјадници пејџери што ги користеа оперативците на Хезболах низ Либан ненадејно експлодираа, убивајќи и ранувајќи десетици луѓе. Еден ден подоцна, стотици воки-токи, исто така, експлодираа, при што загинаа и беа повредени уште многу луѓе.

Нападите, кои брзо му се припишаа на Израел, дојдоа во време кога Израел ја засили контраофанзивата против Хезболах поддржан од Иран.


Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons