Нестабилно со поројни дождови: Еве ја прогнозата за следните неколку дена
Прилично свеж понеделник нѐ очекува денес.
Синоптичаријата најавија нестабилен воздушен бран кој ширум државата ќе изобилува со поројни дождови.
Ќе биде свежо и облачно, на места со грмежи и силен ветер.
Максималната дневна температура ќе се искачи до 30 степени.
Нестабилно и променливо ќе биде и во Скопје, каде попладнево се очекува пороен дожд проследен со силен ветер и грмежи.
Максималната дневна температура ќе се искачи до 29 степени.
Слично време нѐ чека и во следните денови, најавуваат од УХМР.
Локално невреме се очекува во попладневните часови а температурите ќе бида за 10 степени пониски од изминатиов период.