Свет

Немири и судири во предградиe на Париз поради полициското убиство на тинејџер  

Нереди и повремени судири меѓу разгневената младина и полицијата се случија синоќа во париското предградие Нантер, како израз на растечкото незадоволство кај граѓаните во локалната заедница поради убиството на тинејџер при полициска интервенција.

Во вторникот, полицаец застрела 17-годишен тинејџер, кој подоцна почина од раните, соопшти обвинителството во Нантер, пренесува порталот Франс 24. 

На видеата на БФМТВ објавени на социјалните мрежи, потврдени од Ројтерс, се гледаат двајца полицајци покрај автомобил мерцедес АМГ, додека еден од нив пука во возилото во движење. Француското обвинителство во вторникот објави дека е покрената истрага против полицаецот што во вторникот наутро уби 17-годишно момче во предградие на Париз, откако момчето одбило да го запре автомобилот. Во соопштението се наведува дека полицаецот пукал во правец на автомобилот и го погодил тинејџерот-возач, кој починал од добиените рани.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons