Актуелно

НЕМА ВЕЌЕ ЛИСТА ЗА ЧЕКАЊЕ ЗА ВИЗА ЗА РАБОТА, СТУДИИ, НАУЧНИ ИСТРАЖУВАЊА: Германска амбасада со сите детали

Германската амбасада во Скопје денеска објави дека направиле промена на системот за доделување на термини за добивање виза.

-Доколку сакате да поднесете барање за виза за работа (изземени се визите што се опфатени со Западен Балкан и за деташирани работници) како и за престој за студии, јазичен курс или научник/ истражувач, можете веднаш директно да резервирате термин преку нашиот портал за термини. Нема веќе листа на чекање за оваа категорија. Редовно ќе се доделува одреден број на термини. Доколку сите термини се резервирани, Ве замолуваме да проверите подоцна дали има слободни термини.

Ве молиме да резервирате само термин според посакуваната цел на престој. Барања за друга категорија (на пр. според регулативата за Западен Балкан) нема да бидат прифатени. Доколку не може да се појавите на резервираниот термин, Ве молиме сторнирајте го терминот колку што е можно порано. Со регистрација во вистинската категорија и навремено сторнирање на термините го намалувате времето на чекање за сите подносители на барања за виза.

За да може да поднесете виза во категоријата приклучување кон семејството или регулативата за Западен Балкан, можете да се внесете во листата на чекање. Термините во областа на приклучување кон семејството ќе бидат хронолошки доделени според датумот на внесувањето во листата на чекање за термин.

Ова промена нема влијание на досега постоечките регистрации. Ако веќе сте се регистрирале, тогаш ќе добиете термин по редослед.

Други информации ќе најдете во порталот за термини и во општите упатства за резервација на термини, наведува Амбасадата на Република Германија.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons