На Србинка и пропадна првиот ден од одморот, чекала пет часа на Табановце
Извесна Ана Чакаревиќ од Србија вчера во групата за летување „Грчка инфо“ се пожали дека дури пет часа чекала на граничниот премин Табановце пред да влезе во Македонија и да го продолжи патот кон посакуваната туристичка дестинација.
Во објавата таа пишува дека на 13 јуни 2023 била принудена да чека до 7.30 часот изутрина на граничниот премин, а допрва треба да чека и на Евзони..