Спорт

НАЈНОВА ВЕСТ: Спречена тепачка меѓу Кире Лазаров и Алем Тоскиќ во Струга (ВИДЕО)

Тимот на Алкалоид и по вторпат загуби и тоа во последните минути од натпреварот на турнирот во Струга, овојпат од Целје (27-28), но играта и резултатот останаа во сенка на однесувањето на двата тренери, Кирил Лазаров и Алем Тоскиќ, објави специјализираниот ракометен портал 24rakomet.mk

И двајцата добија црвени картони, второто полувреме ги водеа тимовите од трибините, и само поради интервенцијата на записничката маса беше спречен поголем инцидент и тоа пред очите на претседателот на РФМ , Живко Мукаетов и раководството на федерацијата поради недоличното однесување и двајцата тренери мораа да се преселат на трибините.

Се почна прво со разговор со судиите околу објаснување на некои ситуации, па продолжи со меѓусебни дофрлања, за да заврши со мешаница пред записничката маса.

Тоскиќ беше расположен за сочни зборови, од другата страна и клупата на Лазаров скокна, па брзо дојде до мешаница. Се поделија многу „тешки зборови“, се споменуваше кој од каде „јадел леб и колку години“, се спомнуваше цело семејство, зошто судиите немаат ист критериум за реакциите на клупите.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons