Актуелно

НАЈДОБРИ ГРАДОВИ ЗА ЖИВОТ – Виена повторно е на врвот на листата, еве кој град е на дното

По три години, Виена повторно е на врвот на индексот на Економист за најдобри градови за живеење (The Global Liveability Index).

По две години во кои рејтингот на градовите беше силно погоден од пандемијата на корона вирусот, односно мерките што беа преземени, во 2022 година ситуацијата се нормализира.

Главниот град на Австрија, кој нуди безброј можности за култура и забава, се рангира високо во однос на стабилноста, има добра инфраструктура и на своите граѓани им нуди одлична здравствена заштита – тој е најдобро оценет град со импресивни 99,1 поени од можни 100. Главниот град на Данска, Копенхаген и швајцарскиот град Цирих се следните два града на листата, пишува Ал Џезира.

Тука се и канадските Каљари и Ванкувер, Женева, Франкфурт, Торонто, Амстердам, Осака и Мелбурн.

На дното на листата на градови по квалитет на живот е Дамаск со оценка 30,7.

Лошо рангираат и нигериските Лагос, либиските Триполи, Алжир и Карачи.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons