Најголемите синдикати од здравството утре излегуваат на протест

Вработените на Клинички утре излегуваат на голем протест. Револтот за актуелните состојби во јавното здравство ќе го искажат за време на паузата од 10-10.30 во кругот на комплексот, за да не трпат пациентите и да нема санкции за здравствените работници.

Да не се повтори доцнењето на платите, што поскоро да се реализира договореното од пред два ипол месеци за зголемување на платите и средба со Премиерот се главните барања на Самостојниот синдикат на Клиничките центри.

-Штом ќе дојде новиот министер да се потпшише тој договорен колективен договор, кој предвидува 3000 денари на бруто на здравствените работници со средно, високо и вишо образование и 2000 денари за сите останати, помошно технички персонал, лекари и здравствени соработници, изјави Гордана Димеска, член на ИО на Синдикатот на Клинички.

-Сега ние не знаеме со кого да преговараме. Секојдневно вработени си заминуваат од Клинички, има масовен одлив на кадар, а 90 проценти од граѓаните се лекуваат во Клиничкиот центар, изјави д-р Предраг Серафимовски, потпретседател на Синдикатот на клинички.

Утре во исто време протест во организација на Самостојниот синдикат за здравство при ССМ ќе одржи и во сите јавни здравствени установи во Македонија. И нивните барања се слични. Договор за линеарно покачување на платите на сите здравствени работници за 2806 денари и исплата на регрес за годишен одмор.

Во текот на денот задоцнетата јануарска плата не беше префрлена на сите вработени во јавното здравство, но од Фондот вчера најавија дека исплатата секаде ќе се реализира до утре попладне.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons