НАТО Е НА НОЗЕ: Руски ракети завршија во Полска, има и неколку загинати (Фото)

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки итно свика безбедносен состанок, соопшти владиниот портпарол Пјотр Мулер. Тој не ја откри причината за свикувањето на итниот состанок, но полските медиуми јавуваат дека ракети паднале врз село во близина на границата со Украина и загинале две лица. САД тврдат дека се работи за залутани руски ракети.

„Ве молиме да не објавувате непотврдени информации, за ова ќе разговараме по средбата – рече Мулер во кратката изјава за полските медиуми.

На средбата со министрите е и претседателот Анджеј Дуда. Како што соопштија локалните медиуми, на состанокот исто така се присутни и министерот за внатрешни работи и администрација, министерот за надворешни работи, министерот за правда , како и командантот на оперативните ограноци на вооружените сили и врховниот командант на полицијата.

За потсетување, попладнево имаше еден од најсилните руски ракетни напади врз украинските градови. Беа нападнати Киев, Харков, Лавов и многу други градови.

Полска е членка на НАТО. Членот 5 од НАТО налага дека во случај на напад врз една членка, сите други членки мора да ја бранат.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons