НАСКОРО УШТЕ ЕДЕН ЦЕНОВЕН ШОК – Ќе доживеме ли струен удар од новите цени? 

Поскапувањето на струјата според енергетичарите е неминовно, иако точни проекции колку ќе се зголеми цената не сакаат да даваат, велат дека истото нема да биде превисоко за да не биде голем удар врз граѓаните. Надлежните во следниве денови треба да донесат одлука за новите цени на електричната енергија, а во меѓувреме енергетските компании ги доставуваат своите пресметки за тоа колку треба да изнесува растот на цените.

– Цената на струјата очекувано ќе поскапи, но да се каже колку е тешко. Не очекувам дека поскапувањето ќе биде големо, бидејќи не смее да се направи преголем притисок или товар врз граѓаните. Мора да се внимава и на теретот кој можат да го поднесат потрошувачите со зголемувањето на цената – вели универзитетскиот професор Антон Чаушевски.

Чаушевски за „Фактор“ објаснува дека воведувањето на блокови за потрошувачите може да придонесе за помала потрошувачка на енергија, и потенцира дека поголем дел од земјите во околината веќе вовеле блокови, или пак се во план да ги воведат.

– Идејата е да се присонесе кон внимателно трошење на енергијата, и да се свати дека не може кој колку сака и за што сака да троши струја, особено не во вака кризни периоди, кога цената на струјата е енормно висока. За жал најмногу се внимава кога луѓето ќе осетат дека трошокот им е многукратно зголемен, или народски кажано, кога ќе ги удри по џебот. Јасно е дека првите блокови ќе имаат највисока цена, и тоа треба да се направи за оние кои екстремно трошат,  и кои треба да платат повеќе. Не може некој за топлење базени, или за копање криптовалути да плаќа иста цена како и грѓани кои трошат за основни потреби како осветлување или одржување на домаќинството. Затоа во најниската квота треба да влезат домаќинства кои трошат на основни потреби – појаснува Чаушевски.

Професорот од Факултетот за електротехника и информациски технологии посочува дека согласно анализите кои ги правел во последните години, потрошувачката на електрична енергија во Македонија има опаѓачки тренд и тоа е присутно и кај домаќинствата и кај компаниите.

 -Колку отселувањето или воведувањето на енергетски ефикасни мерки има уддел во намалувањето на потрошувачката на електрична енергија во земјава не може точно да се каже. Сепак, евидентно е дека имаме намалување. Тоа може да е резултат и на мерките кои ги воведуваат домаќинствата, штедливи светилки, енергетски апарати, а мерки за намалување на потрошувачката преземаат и компаниите – посочува Чаушевски.

Сепак, нашиот соговорник посочува дека со приближување на зимата има опасност од нов раст на цените на енергијата особено од 1 ноември, кога се зголемува потреби за затоплување на домовите, и кога се намалува проиводството на енергија од обновливи извори.

– Летово не се очекува криза, но со приближување на зимната сезона можни се нови проблеми, но да е надеваме дека научивме од кризата и дека ќе се набаат јаглен и мазут навреме, за да не ја дочекаме зимата повторно неподготвени. Обновливите извори не можат да помогнат во зимо, тие не обезбедуваат струја ако нема сонце, ветер или вода, и познато е дека во зимните месеци нивното производство се намалува – потенцира Чаушевски. 

Новата цена на електричната енергија Регулаторната комисија за енергетика треба да ја донесе до крајот на месец јуни, односно по нова цена ќе се пресметува испорачаната струја од први јули. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons