Актуелно

Народниот правобранител лани разгледал скоро 3.000 поплаки – најголем дел од преставките се во делот на повреда на правата во правосудството

Најголемиот дел од преставките доставени до Народниот правобранител во делот на повредата на правата на граѓаните се во областа на правосудството, реферираше во годишниот Извештај за 2025 година народниот правобранител Фатмир Сељами пред пратеници на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Сељами посочи дека најголем дел од претставките во делот на праводсудството се однесуваат на непочитување на законските рокови, за што и во изминатите години и во 2025 година има констатирано дека судските постапки траат предолго и не се води сметка за ефикасноста на постапките.

„Странките не добиваат навремени известувања за статусот на нивните предмети. За работата на извршители, најголемиот дел од претставките на граѓаните се за дебоклада на нивните сметки, како и за износот на каматата на предметниот долг“, додаде Сељами.

Тој пред пратениците истакна дека народниот правобранител во текот на минатата година разгледал 2.921 предмет, а од нив во институцијата биле примени и заведени во 2025 година вкупно 2.400 претставки, а 521 предмет биле пренесени од претходната година.

„Најголем број од претставките во текот на минатата година 985 или над 40 отсто се однесуваат на повредата на правата од страна на јавните служби и установи.Од вкупно 2.921 предмет народниот правобранител во оваа извештајна година покренал 1.810 или 61,97 отсто на претставки, по 487 или 16,67 отсто нема покренато постапка. Од 1.810 предмети по кои народниот правобранител покренал постапка во 492 или над 27 отсто констатираше повреда на човековите права и слободи и постапуваше со цел отсранување на повредите. Додека во 1.318 претставки или 72,82 отсто од преземените дејствија за исполнување на наводите од претставките не е констатирана повреда на човековите слобода и права, следствено постапката е запрена“, објаснува Сељами.

Втората област е во делот на потрошувачки права, за што Сељами посочи дека и во 2025 година најголем дел од претставките се за високо-паушални сметки за електрична енергија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons