Актуелно

Наместо да слетаат во Скопје 180 патници слетале во Софија и 12 часа биле оставени на аеродромот 

12 часа траела голготата на 180 патници кои од Болоња се враќале во Скопје. Но, наместо да слетаат во главниот град, според известување на пилотот, морале да се пренасочат кон Бугарија. Им било соопштено дека поради технички проблем, се работи на две опции-  или да им пратат нов авион, или со автобус да ги донесат дома.

По излегувањето од авионот, патниците велат дека никој од авиокомпанијата Визер не ги контактирал да им даде инструкции што да прават и колку долго треба да чекаат.

– Сите патници бевме оставени сами на себе. После обраќањето на пилотот во авионот, немавме никаков контакт со некој од авиокомпанијата. Во известувањето на Визер стои дека ако авионот доцни повеќе од 3 часа, патниците имаат право на сендвич, вода, телефонски повик. Нас никој не не побара, ниту ни понуди нешто. Имавме и 3,4 деца меѓу патниците, од кои едното двомесечно бебе. На едната мајка на децата и се слоши, па и беше укажана помош, но од екипите на софискиот аеродром. Но, од Визер никој не не контактираше- вели Дарко Маневски, патник.

Кога виделе дека се оставени сами на себе, патниците почнале да се јавуваат во авиокомпанијата во Скопје, од каде неколку пати им било кажано дека автобусите се стигнати и ќе тргнат за Скопје.

– Неколку пати излегувавме, но автобусите ги немаше. По што моравме пак да влегуваме на аеродом, додава Маневски.

Ги побаравме од Визер, прашавме каква е политиката на компанијата кога ќе се случат технички проблеми на авионот, дали патниците треба сами да се снаоѓаат и имаат ли право на обештетување. Но одговор, не добивме.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons