Македонија

Намерно подметнување пожар казна со затвор 

Намерно подметнување пожар казна со затвор.

Поради повремените врнежи од дожд, оваа година се уште  не е донесена одлука за забрана за движење во шумите. Поради опасноста да бидат опфатени со пожар, „Македонски шуми“ секоја година го испитуваат потенцијалниот ризик од високи температури и потоа му препорачуваат на Министерството за земјоделство да донесе одлука за забрана за движењето во шумските зони. Во вакви случаи движење низ шуми  е дозволено само на граѓаните кои бараат дозвола.

Во случаи кога се случуваат голем број пожари кои покриваат големи површини и брзо се шират, потребно е одобрение за целосна забрана за движење низ шумите. Контроли за почитување на оваа мерка вршат службите на ЈП „Македонски шуми“, шумската полиција и припадници на МВР. Казните за прекршување на оваа одлука согласно Законот за шуми се движат од 1500 до 2000 евра.

Дел од жителите, но и туристите кои избраа да го поминат денот на Водно, порачаа дека граѓаните треба повеќе да се грижат за природата, потсетувајќи на пожарите што ја зафатија земјава последните години и предизвикаа големите штети .

„Имаше многу пожари. Мора да внимаваат, сите мора да внимаваме и во случаи кога палам оган да испечам нешто, било месо или што и да е, или тоа може да биде предизвикано од цигари. Се плашам од шпоретот дури и кога сум дома”, рече еден жител на Скопје.

„Мислам дека ова е многу важно прашање. Мислам дека тоа доаѓа заедно со одговорностите. За мене клучот е во образованието, затоа што треба да се грижиме за природата, да ја гледаме природата како вредност, тоа не е само заеднички простор што се зема здраво за готово. Мора да ја заштитиме. Ова образование или го добиваш на училиште или од твоите родители“, рече еден турист.

„Не ми е јасно како луѓето можат да запалат цигара и да ја фрлат без да ја згасне. Не разбирам. Треба да има казни за тие лице… да не продолжат да го прават тоа”, изјави една жителка на Скопје.

„Треба да се однесувате кон природата како што се однесувате кон вашето дете, бидејќи природата е прекрасна колку што е важна за човештвото. Во овој поглед, ние се грижиме и за идните генерации. Мислам дека почитта кон природата е она што ќе ни помогне да ги одржуваме овие убавини за да уживаат идните генерации. Значи, потребно е малку труд да не ги фрлиме цигарите, туку да ги изгаснеме, да  ги ставиме во кесата и да ги фрлиме во ѓубре“, рече еден турист.

Намерното подметнување пожар се смета за кривично дело, кое во зависност од д околностите се казнува и со затвор до 8 години. Од Македонски шуми велат дека лани биле опожарени дрва 500 илјади кубни метри дрва. Дирекцијата за заштита и спасување располага со 19 специјални возила за гаснење пожари на планински терени, но оваа бројка треба да биде 30. Пред само неколку дена во центарот на Скопје беше организирана кампања за подигање на свеста на граѓаните, како да постапат во случаи кога ќе се соочат со пожар, без разлика дали во природа или дома.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons