Актуелно

Намален интерес за закуп на станови регистирала Агенцијата за катастар на недвижности 

Над осум илјади трансакции во базата на Регистарот на цени и закупнини биле регистрирани во првиот квартал годинава, од кои 5.919 продажби на недвижности и 2.093 закупи на недвижен имот

Споредено со првиот квартал лани евидентирани се 592 повеќе купопродажби, а кај закупите има намалување за 357.

Анализата по месеци покажува дека најголем број трансакции има во март, кога во Регистарот се запишани 3.267 трансакции. Најмалку трансакции имало во јануари, 2.091, а во февруари 2.654 трансакции, покажува Извештајот на Агенцијата за катстар на недвижности (АКН).

Регистрираните 5.919 купопродажби се во вредност од 218 милиони евра, односно 5.017 продажби во вредност од 170 милиони евра, 687 продажби од инвеститор од 41 милион евра,148 откупи од државата  од 5,4 милиони евра, 13 лицитации од 0,9 милиони евра.

Закупите што биле регистрирани во првиот квартал годинава се во вкупна вредност од 919.960 евра. Од вкупниот број, 555 се закупи на станови во вредност од над 120 илјади евра, 280 на куќи од 72.934 евра, 301 на земјоделско земјиште од над 24.000 евра, 56 на индустриски објекти од над 62.000 евра, 67 на градежно земјиште од над 22 илјади евра….

Евидентиран е пад кај бројот на закупи на станови од 717 колку што изнесувале во првите три месеци од 2021 година на 555 во истиот период годинава. Од 475 на 301 се намалиле и закупите на земјоделско земјиште во првиот квартал лани во однос на истиот период од годинава.

Извештајот за работата на АКН покажува и дека во периодот јануари – март годинава се запишани 1.888 товари врз недвижностите со вкупна вредност од 481.422.672 евра.

Во Центарот за катастар на недвижности Скопје се впишани 760 хипотеки, во вредност од 70.714.998 евра, додека во 29-те  катастрски одделенија нивниот број изнесува 1.128, со вредност од 410.707.674 евра.

Во Регистарот на преземен недвижен имот наменет за продажба, пак, до крајот на март годинава се потврдени 407 делови од згради, 90 катастарски парцели и 304 инфраструктурни објекти. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons