Намален водостојот на Охридското Езеро

За еден сантиметар е намален водостојот на Охридското Езеро, а нивоата на останатите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења на правени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Со тоа водостојот на Охридското Езеро е за девет сантиметри понизок од просекот за март. Пониско од просечното е и нивото на Преспанското Езеро и тоа за 1,71 метар и е на два сантиметри над апсолутниот минимум од 842,25 (мнм). Водостојот, пак, на Дојранското Езеро е за 2,85 метри повисок од повеќегодишниот просек за овој период од годината.

Пониски од просечните се и нивоата на речиси сите реки во земјава, иако кај дел од нив се бележи благо зголемување на водостојот во споредба со вчера. Исклучок е реката Бабуна на мерното место кај Богомила, каде нивото е повисоко од просекот за март.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons