Над 6.000 кутии Диазепам издадени до 11 часот
Се рушат сите рекорди на издавање на таблети Диазепам. До 11 часот денеска издадени биле над 6.000 кутии Диазепам.
Во денешната табела на издадени лекови, може да се забележи дека до 8.30 часот веќе биле издадени 1155 кутии Диазепам.
Оваа статистика е објавена од матичен лекар, согласно податоците на системот „Мој термин“.
Во текот на вчерашниот ден биле издадени близу 9.500 кутии Диазепам.