МакедонијаНајново

Над 50 воени возила ќе бидат пренаменети за гаснење шумски пожари

Во пресрет на најавениот топлотен бран и зголемениот ризик од шумски пожари во текот на летниот период, повеќе од 50 возила кои се дел од застарената и магационирана опрема на Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи ќе бидат пренаменети за гаснење шумски пожари, потврди денеска премиерот Христијан Мицкоски по свечено отворање на најновата инвестиција на производствените капацитети на компанијата „Реплек“.

Мицкоски нагласи дека возилата се подготвуваат во моментов и како што рече, многу скоро ќе биде изведена показна вежба за тоа како „од ништо е направено нешто“. Вели старите возила се модернизирани и на нив се инсталирани посебни резервоари за вода со различен волумен до шест тони.

„Дел од застарената и магационирана опрема, како што се БТФ70/80, старите хермалини и слично, кои што беа во магацините на Министерството за одбрана и МВР се модернизираа и обработија, им се инсталираа посебни резервоари за вода, се купија пумпи кои што работат на висок притисок и можат да пристапуваат на непристапни терени. Она што ни беше многу важно навечер кога, како што велат стручно, оганот спие да може да му пристапиме и угасиме за да не се распламти преку денот. Возилата се подготвуваат и многу скоро денеска ќе бидете сведоци на показна вежба, како од ништо направивме нешто. Очекувам 50-60 вакви возила да бидат подготвени со различно инсталиран волумен на вода до шест тона, така што очекувам да ги пречекаме пожарите подготвени“, рече Мицкоски.

Оцени дека државата е далеку поподготвена да се справи со летните шумски пожари за разлика од изминатите години, посочувајќи ги хеликоптерите на Армијата и Министерството за внатрешни работи, како и Ер тракторите на Дирекцијата за заштита и спасување.

„Секаде за време на летниот период се случуваат пожари, но за разлика од изминатите години, оваа година сме многу поподготвени, пред сѐ тука мислам на армиските и полициските хеликоптери, авионите на Дирекцијата за заштита и спасување, два нив се тука го чекаме и третиот да пристигне, популарно наречените Ер трактори“, рече Мицкоски.

За тоа колкава сума пари е одвоена за оваа пренамена на возилата, премиерот рече „многу малку и тоа е пред сѐ е работа завршена на волонтеристичка база и општествено одговорни компании, Буџетот не го чини воопшто“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons