Македонија

Младо лице повредно во експлозија на плинска боца во центарот на Куманово 

Едно лице е повредено од експлозија на плинска боца  што се случила попладнево на ул. „Моша Пијаде“ во Куманово, соопштија надлежните од кумановската Општа болница и Единицата за територијалната противпожарна заштита (ТППЕ) Куманово. 

Според податоците на надлежните, при експлозијата е повредено 30 годишно лице, кое по првичната помош во кумановската болница поради сериозноста на повредите е префрлено на натамошно лекување на клиниките во Скопје. 

Експлозијата, според очевидци, се случија околу 13 часот. Во изјава за медиумите тие рекоа дека ударот бил силен, а веднаш пристигнале екипите на ТППЕ, Итната медицинска помош и на полицијата.Фото: МИА

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons