Актуелно

Мицкоски: 720 милиони денари за 36 спортски објекти

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање што се планира во делот на спортската инфраструктура нагласи дека 720 милиони денари се одвоени за 36 спортски објекти.

„Во моментот мислам дека само во вториот повик кој што го објави Министерството за локална самоуправа имаме повеќе од половина милијарда денари одвоено за инвестирање во спортска инфраструктура во општините. Севкупно од првиот и вториот беа околу 35- 36 објекти, а вкупната инвестициска вредност надминуваше 720 милиони денари. И ќе продолжиме во таа насока“, рече тој и додаде:

„Се завршуваат оние проекти кои што во минатото беа отпочнати па заборавени, како што беа базените итн. Така што се што било започнато, завршуваме, но и онаму каде што ќе констатираме дека е потребно да се интервенира ќе биде исто така завршено“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons