Актуелно

Мицкоски: Македонија оди напред-повеќе работни места, раст на трговската размена и стабилна економија 

Најновите податоци го потврдуваат она за кое се залагаме – ја стабализираме економијата, создаваме услови за економија која оди напред, граѓаните имаат повеќе работа, а трговската размена е во пораст.

Стапката на невработеност е намалена на 11,5%, што е за 1% помалку во однос на истиот квартал лани. Во споредба со вториот квартал од 2024 година, денес имаме околу 10.000 нови вработени и над 7.000 помалку невработени. Тоа се илјадници семејства со поголема сигурност и иднина.

Добра вест е и надворешната трговија: во јули извозот порасна за 4,69%, додека увозот за 4,35%. Во периодот јануари–јули, извозот е зголемен за 5,41%, а увозот за 4,83%.

Дополнително, вкупната трговска размена во делот на увозот во првите седум месеци е поголема за 5,07% во однос на истиот период минатата година.

Ова се реални резултати од одговорни политики. Додека опозицијата шири црнила и се надева на неуспех, ние испорачуваме резултати. Додека тие блокираат и кочат, ние градиме и носиме подобар стандард за секое семејство.

Македонија оди напред – со повеќе работни места, посилен извоз и стабилна економија. Ова е времето на работа, резултати и развој.

Линк од фб објава:
https://www.facebook.com/share/p/1NqPi6psCk/

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons