МакедонијаНајново

Мицкоски: Владини политики за раст на економија ги дадоа резултатите, по години на застој прв пат имаме реален раст на БДП од 3,5%

Изминатава година и 2024, тие два квартали во третиот и четвртиот квартал, ние ја надминавме онаа бариера од 3% раст на Бруто домашен производ, нешто што за претходната влада, посебно последните години претставуваше невозможна мисија, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на македонската Влада, Христијан Мицкоски во денешното новогодишно интервју на телевизија Алфа, прашан за македонскиот економски раст и дали владините економски политики ги дали посакуваните резултати.

Од друга страна, додаде Мицкоски, и првиот, и вториот и третиот квартал од оваа измината 2025 година, се навистина прилично успешни.

„Реалниот раст е веќе 3,5%, номиналниот е над 8, мислам дека во првите три квартала е 8,3%, иако ние предвидувавме, заедно со меѓународните финансиски институции, како што е Меѓународниот монетарен фонд, Светска банка и така натаму, дека ќе имаме номинален раст од околу седум и пол проценти, ние веќе сме 8,2, 8,3. Веќе имаме, заклучно со 2025 година петоцифрена бројка по долари по глава на жител, над 10 илјади долари е номиналниот бруто производ по глава на жител. Според куповната моќ, веќе дојдовме до 30 илјади долари. Очекувам номиналниот БДП веќе во 2026 да го постигне нивото коешто го поставивме како цел на крајот од мандатот на оваа Влада, тоа е 20 милијарди долари. Ќе ја префрлиме таа бројка две години порано“, истакна Мицкоски.

Меѓу економските политики коишто владата спроведе, Мицкоски го спомена субвенционирањето на стопанството со 250 милиони евра евтини кредити со цел поддршка и развој на македонската економија.

„Ги субвенционираме оние заеми за стопанството, се сеќавате, четврт милијарда евра. Ги субвенционираме преку владата за стопанството, кога на тоа ќе ги додаде сопствените средства што дел од банките ги додадоа, тогаш доаѓаме до фантастична бројка од, можеби, половина милијарда евра инвестициска домашна активност. И токму тоа е причината да во првата половина година, растот на инвестициите е некаде околу три четиринаесет проценти. Ако тој период се спореди колку расте во Европа, тој е 2-3%“, рече Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека сето ова значи дека, таквата владина политика имаше влијание во рамките на економијата и дека тој е драјверот и за реалниот и за номиналниот раст на БДП.

Претседателот Мицкоски се осврна и на инфлацијата, при што посочи дека за изминатата година таа е околу 4% и дека за годинава, 2026, се очекува да падне на ниво од 2 до 3%.

„Инфлацијата е приближно на нивото од четири проценти. Очекуваме следната година да се движиме помеѓу 2 и 3%. Тука мислам дека имаме исклучително погрешно шпекулативна политика од страна на два, би рекол три ланци супермаркети, којашто мислам дека од морален аспект е нечесно. Затоа што во бизнисот не можете вие да го гледате само вашиот профит, на сметка на клиентот, односно на другата страна, а другата страна се граѓаните и ние како Влада по вокација и по суштина ќе застанеме на страната на граѓаните. И тука, лично го следам низ мојата оптика сето ова што го случува и тука планираме на делуваме, па дури и со законски измени во делот на казнената политика“, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски понатаму, меѓу другото, додаде: Ние се трудиме да бидеме, генерално, Влада којашто е бизнис ориентирана, односно Влада којашто сака да помага на бизнисот и Влада којашто сака да расте заедно со бизнисот. Затоа што, колку повеќе бизнисот расте, толку повеќе тој контрибуира во рамките на централниот Буџет, а колку централниот буџет е квалитетен, толку квалитетни ќе ни бидат и проектите коишто ги реализира тој централен буџет.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons