Актуелно

 Мицкоски: Владата вложи 12 милиони евра за проекти во Гази Баба 

Денеска имавме навистина би рекол интензивна прошетка низ Гази Баба и увид во три проекти коишто се во фаза на изработка, спортско игралиште, спортски терени, детска градинка, витална улица, односно улица од витално значење. 

Градоначалникот во суштина зборуваше за плановите коишто ги има Општината, за сите оние проекти коишто се реализирани и се во фаза на реализација и ќе се реализираат. Навистина можам да кажам делува импресивно и ја користам оваа прилика да му честитам нему, на советниците, на администрацијата, на пратениците во македонскиот Парламент, коишто се борат секој ден да реализираат проект повеќе, на граѓаните да им обезбедат подобри услови за живот. Тоа е она коешто треба да го прави секој еден градоначалник во Македонија.

Јас сум навистина задоволен, еве скоро четири години како Бобан е градоначалник овде во Гази Баба и може да се види од далеку трансформацијата, имајќи предвид дека кога тој беше избран за градоначалник, буквално многу работи стоеја, да не речам речиси сѐ. Од тогаш се направени десетици, стотици проекти коишто значат додадена вредност за животите на жителите на Општина Гази Баба, а ние како Влада во периодот којшто следи ќе продолжиме да ги поддржуваме проектите на целата територија на државата, без разлика дали станува збор за градоначалник којшто е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, коалиционен партнер, опозиција или некој независен. 

Мислам дека Бобан тука имаше околу 10-11 милиони евра, колку вкупно? 12 милиони евра се во Општина Гази Баба вложени. Така што вложуваме да градиме, нешто што во минатото беше непознат збор за претходната влада. Така што овој народ којшто е денеска овде и којшто нѐ поддржува е нашата инспирација и мотив да продолжиме по патот на градење и создавање, а не кон патот на измислици, шпекулации итн.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons