Михајло Маневски поднел пријава од 27 страници за договорот со „Бехтел и Енка“
Поранешниот министер за правда Михајло Маневски на 13 мај поднел кривична пријава за договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на автопатите од Коридор 8 и Коридор 10д, дознава Сител.
Поранешниот министер од владата на Никола Груевски побарал од Основното јавно обвинителство да ги гони премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерите Артан Груби и Бојан Маричиќ, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП Државни Патишта, Ејуп Рустеми, за злоупотреба на службена положба.
Дел од пријавата веќе е прераспределена кај надлежното Обвинителство за организиран криминал и корупција, кое во март веќе отвори предмет по допрен глас по спорните законски измени по брза постапка за договорот кој е скриен од јавноста.