(Видео/Фото) Краткото невреме остави последици: Искршени автомобили, потоп во Козле, блокирани улици од дрвја 

Искршени автомобили, паднати дрвја и блокирани улици се забележуваат по силното невреме што го зафати Скопје.

Едно од дрвјата во населба „Мичурин“, во Аеродром падна врз автомобили, а настрада и возило во движење.

Од ЦУК информираа дека дрвото паднало врз задниот дел од автомобилот кој се движел, па возачот успеал да се спаси.

Како што претходно објавивме“, има паднати дрвја во близина на транспортниот центар, на улицата Симеон Кавракиров.

УХМР за денес најави дека попладне и во вечерните часови на места ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Метеоролозите прогнозираа дека локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.

Преодно стабилизирање на времето се очекува во понеделник.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons