МакедонијаНајновоПолитика

Митева: Итна реакција од сите надлежни институции за скандалозното однесување на Дехари 


Почитувани граѓани, 

Снимките кои излегоа во јавноста, на кои јасно се гледа односот на градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, кон жени вработени во Општината, претставуваат скандал и срам за државата.

Навредите, понижувањето и злоупотребата на службената позиција се однесување кое не му доликува на човек, а уште помалку на градоначалник. Наместо пример на чесност и одговорност, гледаме ароганција, непочит и злоупотреба на моќта.

Најостро го осудуваме овој чин и бараме итна реакција од сите надлежни институции и организации, од Јавното обвинителство кое треба и мора да го провери овој случај, дали бил изолиран или пак станува збор за начин на делување на Дехари, па се до Народниот правобранител и сите организации кои ги застапуваат и штитат правата на жените.

Почитувани, 

Овде нема простор за молк, ова е чин за осуда и санкционирање. Секој кој ја злоупотребува својатафункција за навредување и вознемирување насвоите вработени мора да сноси кривична, но и морална одговорност. Дехари со ваквото однесување ја изгуби секоја доверба, градоначалник кој покажал такво непочитување кон жените и институцијата што ја води, не ја заслужува довербата на граѓаните.

И сигурни сме дека и албанската заедница се срами од ваквото однесување, бидејќи ова не е прашање на етничка припадност, туку на човечко достоинство и морал.

Молкот е форма на одобрување, тоа не смееме да го дозволиме. Нема повеќе место за навреди и понижувања од ваков тип во политичкиот дискурс. Како ВМРО-ДПМНЕ, секогаш ќе стоиме на страната надостоинството, правдата и заштитата на жените одбило каква злоупотреба и понижување. 

Линк од видео материјал:

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons