Македонија

Минималната плата ќе се зголеми во 2026 година

Минималната плата во земјава ќе претрпи усогласување на 31 март 2026 година, а според актуелните законски пресметки, покачувањето би изнесувало меѓу 1.700 и 2.000 денари, најави денеска заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

Тој потенцираше дека Владата е отворена за дијалог со социјалните партнери доколку се постигне договор за промена на постојната формула за пресметка.

„Доколку се договорат за промена на постојната формула за повисока плата, ние како Влада тоа ќе го испочитуваме. Сè додека не се договорат, ние имаме Закон кој мора да го почитуваме“, посочи Ристески.

Паралелно со платите, Владата од 1 јануари воведува и нов параметар – просечна потрошувачка кошничка за најмалку четиричлено семејство. Целта на оваа мера е добивање реална слика за потребите на просечното македонско семејство преку следење на цените во големите маркети низ различните региони во државата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons