НајновоСпорт

Милевски: Задоволен сум од подготовките, играчите се уморни, но полни со ентузијазам 

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски веќе одржува тренинзи со дел од пристигнатите фудбалери кои ќе конкурираат за мечевите против Украина и Англија.

Македонија не е комплетна, но има повеќе фудбалери кои завршија порано со своите клубови, па ги почнаа подготовките за престојните квалификациски натпревари.

Илиев, Алиоски, Манев, Барди, Адеми и Несторовски поради обврски кон клубовите не можеа да бидат дел од првата фаза на подготовки. А од денеска во погон се стави Елиф Елмас.

„Повеќето од фудбалерите се собраа, очекуваме и останатите да ни се придружат во следните три дена, на 12. јуни треба да бидеме комплетни на тренинг откако ќе пристигнат Алиоски, Адеми и Илиев“, вели селекторот Милевски.

„Исклучително сум задоволен од оваа фаза на подготовки. Фудалерите, иако уморни од сезоната во клубовите, покажаа ангажираност, професионален пристап и голем ентузијазам“.

„Се обидовме да постигнеме одреден баланс со однос на физичката исцрпеност и енергијата која ќе ни треба за следната фаза подготовки и натпреварите кои не очекуваат. Акцентот сега го ставивме на физичката подготвеност, а веќе од 10. јуни се насочуваме на техничко-тактичка анализа и тоа ќе биде фокусот на тренинзите“.

„Украинците ќе ги предводи нов селектор, кој ќе го промени системот на игра, но ние веќе навикнавме на промени кои во најмала рака ни ја отежнуваат работата во однос на подготовка на натпреварите. Таков беше случајот и пред мечот со Малта“.

„Но, за нас е најважно да бидеме силни на тренинзите кои ни следуваат и целосно да се вложиме  и тактички и физички. Иако е крај од сезоната, сигурен сум дека фудбалерите имаат мотив и енергија за уште два  силни натпревари“.

Македонија на 16. јуни на националната арена „Тодор Проески“ ја пречекува Украина, а на 19. јуни играме против Англија на Олд Трафорд.  

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons