Мерц: Германија ќе издвои 29 милиони евра за Газа
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес изјави дека Германија ќе обезбеди 29 милиони евра (34 милиони долари) итна хуманитарна помош за Газа, откако Израел го ратификуваше примирјето со палестинската милитантна група Хамас.
„Обезбедуваме 29 милиони евра за хуманитарна помош. Заедно со Египет, ќе организираме конференција за реконструкција на Газа“, напиша Мерц на платформата Икс.
Тој оцени дека прекинот на огнот во Газа по повеќе од две години конфликт е „добра вест за луѓето од Блискиот Исток и пошироко“.
„Нè води јасен компас: Германија се залага за постоењето и безбедноста на Израел. Веруваме дека решението со две држави нуди најдобра шанса Израелците и Палестинците да живеат заедно во мир и безбедност“, рече канцеларот.
Дополнително, додаде тој, Берлин е подготвен да учествува во работата на новиот Мировен совет, предложен од американскиот претседател Доналд Трамп.