МакедонијаНајновоПолитика

Манасиевски: 205 илјади евра од Еразмус + со СДС завршија кај брат на нивен пратеник за дресирање магариња и правење сирење

205 илјади евра од Еразмус + со СДС завршија кај брат на нивен пратеник за дресирање магариња и правење сирење.

СДС си ја користеше Еразмус + како своја приватна фондација. Да ја потсетиме јавноста и за скандалот во кој Димова и Заев доделија два проекти на братот на пратеникот Диме Велковски во висина од над 200 илјади евра. 

СДС и Заев преку Димова и Еразмус + доделија неверојатни 83 илјади евра за дресура на магариња. Нешто невидено и невообичаено, но сепак за СДС и нивното владеење, ништо ново. Проектот беше доделен на брат на пратеникот на СДС, Диме Велковски. 

СДС тука не запреа, покрај дресурата на магариња, доделија и дополнителни 125 илјади евра од Агенцијата Еразмус +, токму на братот на пратеникот Диме Велковски за проектот „Избери сирење’’. 

Заев и СДС преку Димова се изживуваа и го цедеа Буџетот на Агенцијата Еразмус +. Проекти се делеа на ним блиски луѓе, на судии, професори, браќа на пратеници. 

Ниту еден проект не помина незабележителен од страна на Европската заедница и од јавноста. Тоа говори дека СДС, Димова и Заев, не си ја вршеле чесно работата. Затоа е тука и обвинителството кое воедно повторно го повикуваме наместо да ги штити нивните платеници, да ја донесе конечно правдата во државата.

Линк од видео материјал: 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons