МакедонијаНајновоПолитика

Манасиевски: Поранешни блиски соработници на Филипче поради него му го свртеа грбот на СДС

Почитувани,

Филипче го доведе СДС на тотален распад поради неговата лојалност кон  Зоран Заев, додека од друга страна од СДС си одат или се дистанцираат поранешни партиски функционери и членови.

Филипче во СДС гледа само корист, а не партија со која треба да понуди програма, визија или стратегија за тоа како ја гледаат државата во иднина. 

Филипче работи исклучиво по насока на Заев, а доказ за сето ова е тоа што негови поранешни блиски соработници не сакаат да се вратат во партијата, поради недостигот на лидерство и капацитет да се врати партијата на старите патеки. 

Во јавноста веќе се повеќе се потврдува и нашата информација која ја добивме од Бихачка, а тоа е дека познат доктор,  воедно и поранешен градоначалник, кој важел своевремено за близок соработник на Филипче, одбил позиција во раководството, од причина што Филипче за него бил нерелевантен и човек без кредибилитет. 

Во СДС се потребни итни реформи во раководството. Она што Филипче, Заев и Ковачевски му го направија на СДС, ги доведе да бидат трета партија во Македонија, а петта во Скопје.

Линк од видео материјал:

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons