МакедонијаНајновоПолитика

Манасиевски: Од наводно неподмитливи до профитери, ова е вистинското лице на Апасиев и Левица 

Од наводно неподмитливи до профитери, ова е вистинското лице на Апасиев и Левица.

Апасиев и Левица, кои се претставуваа како скромни, неподмитливи и народни, денес се демаскирани. 

Апасиев, од левичарска и работничка партија, ја претвори Левица во елитистички партија со која гази врз сопствените членови.

Доказ за тоа е купувањето на конфискуван недвижен имот во центарот на градот, за цена од 250 илјади евра, многу пониска од реалната.  

Јавноста беше замајувана дека тоа не е вистина, но сепак вистината излезе на површина, а тоа е дека просторот навистина е купен преку директен договор со извршител и банка, за кои Левица долги години беше против.

Истата таа Левица, и истиот тој Апасиев, кои до вчера ги обвинуваа другите за корупција и за привилегии, денес самите стануваат дел од истите практики. Од граѓаните бараат донации, а парите завршуваат во џебот на партискиот врв. Од другите пратеници бараат отчет за патни трошоци, додека самите го прават истото.

Апасиев и Левица се сè, само не се неподмитливи и скромни. Нивната вистинска агенда е јасна, од наводно неподмитливи до профитери.

Линк од видео материјал: 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons