МАМО, ТЕ САКАМ, ЌЕ УМРЕМЕ! Оваа порака ја испратила девојка на својата мајка,додека клубот во Шпанија горел 

Најмалку 13 лица загинаа во пожар во популарен ноќен клуб во Мурсија, Шпанија. Пожарот избувнал околу четири часот по полноќ по локално време, причината за пожарот се уште не е позната.

Официјални лица наведуваат дека бројот на загинати би можел да биде поголем, 14 лица се водат како исчезнати, пренесува „Би-Би-Си“. Пожарот избувнал во ноќниот клуб Фонда Милагрос, попознат како Ла Фонда.

Пожарот потоа се проширил на ноќните клубови Театро и Голден. Уривањето на зградата го отежнува гаснењето на пожарот и пронаоѓањето на жртвите.

Според шпанските медиуми, 28-годишната девојка и испратила гласовна порака на мајка си кога избувнал пожарот во која и порачала: „ Мамо, те сакам, ќе умреме “. 28-годишната девојка излегла со својот партнер и некои пријатели од блискиот град Каравака де ла Круз, но се уште не е јасно дали преживеала.

Според тамошните медиуми, девојчето им испратило порака на родителите да се поздрават кога слушнала аларм. Како што рекол таткото на девојката,според Ел Мундо, неговата ќерка им испратила порака во 6 часот наутро.

Во пораката таа вели: „ Мамо, те сакам, ќе умреме “, вели таткото на исчезнатото девојче, кој вели дека на видеото се слушаат луѓето како викаат да се запалат светлата за да можат да гледаат.

По пораката, мобилниот телефон на младата жена бил деактивиран. Нејзиниот татко вели дека нивната ќерка излегла со другарките во Мурсија, „бидејќи во Каравац, каде што живеат, нема клубови“.

Градоначалникот на Мурсија, Хозе Балеста, на шпанската телевизија изјави: „Ние сме уништени“. Тој додаде дека интензивно се трага по сите исчезнати лица.

Во Мурсија е прогласена тридневна жалост. Пожарникарите дури околу 8 часот утрото успеале да влезат во клубот каде пронашле четири тела, а 40 минути подоцна уште две тела.

Четири лица поради чад завршиле во болница, се уште не се знае причината за пожарот. Истрагата е во тек.

МАМО, ТЕ САКАМ, ЌЕ УМРЕМЕ! Оваа порака ја испратила девојка на својата мајка,додека клубот во Шпанија горел

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons