Максим Димитриевски ќе формира граѓанско движење и ќе учествува на следните избори
Поранешниот висок функционер на СДСМ и актуелен градоначалник на Куманово Максим Димитриевски најави формирање на граѓанско движење кое ќе учествува на следните парламентарни избори.
-Не најавив формирање на политичка партија, најавив формирање на граѓанско движење кое што задолжително ќе учествува на следните парламентарни избори, без разлика дали тоа ќе бидат редовни или вонредни. Очекувам и повеќе од убеден сум дека ќе ја добиеме граѓанската поддршка, бидејќи не сме оптеретени со политика и немаме обврска кон никој. Нашата обврска се само граѓаните на оваа наша скромна и мала, но горда Македонија, истакна Димитриевски.
Димитриевски на локалните избори се кандидираше како независен кандидат за градоначалник со советничка листа „За наше Куманово“, откако не доби поддршка од неговата матична партија СДСМ.
Тој во вториот круг победи со гласовите на ВМРО-ДПМНЕ, па сега се во коалиција и имаат мнозинство во Советот.