Макрон кажа дека Франција ќе ги забрани социјалните мрежи за помладите од 15 години ако тоа не се направи на европско ниво
Францускиот претседател Емануел Макрон кажа денес дека Франција „за неколку месеци“ ќе ја забрани употребата на социјалните мрежи за децата помлади од 15 години, ако тоа не се направи на европско ниво.
„Треба да ги забраниме социјалните мрежи за помладите од 15 години“, кажа Макрон за телевизијата Франс 2 по денешниот инцидент во кој 14-годишен ученик со нож избоде службеничка во едно училиште во Франција.
„Давам неколку месеци за да постигнеме мобилизација на европско ниво. Ако не, ќе почнеме тоа да го применуваме во Франција. Не можеме да чекаме“, кажа францускиот претседател.