Свет

Макрон во Париз ги собира претставниците на „главните европски земји“, тема ќе биде безбедноста во Европа

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе собере претставници на „големите европски земји“ во понеделник во Париз за да разговараат за „европската безбедност“, потврди во неделата францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро.

„Претседателот на Републиката утре ќе ги собере главните европски земји на разговори за европската безбедност“, изјави Баро за радиото Франс Интер.

Тој не прецизираше кој ќе учествува на овој „работен состанок“, но според европски дипломатски извор треба да присуствуваат Германија, Полска, Италија, Данска, како и Обединетото Кралство надвор од ЕУ.

Ќе бидат присутни и европските лидери Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта , како и шефот на НАТО Марк Руте , рече изворот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons