Актуелно

Македонското население старее – Се раѓаат сè помалку деца

Македонското население старее, а се раѓаат сè помалку деца. 

– Во првиот квартал од годината бројот на живородените деца е 3 526, и во споредба со истиот период од 2024 е намален за 2.9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на умрените лица во првото тримесечје од 2025 година бележи зголемување од 3.8 % во споредба со истото тримесечје од 2024 и изнесува 5 398 лица, а од нив 15 се умрени доенчиња.

Официјалните податоци покажуваат дека природниот прираст, на почетокот на годинава, е негативен и изнесува -1 872, што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица. 

Опаѓа и бројот на склучени бракови. Во првиот квартал од годинава има помалку разводи. 

Во ова тримесечје од годината се склучени 1 846 бракови и нивниот број е намален за 25.8 % во споредба со истиот период од 2024 година. Регистрирани се 465 разведени бракови, што претставува намалување од 22.1 % во споредба со истиот период од 2024 година. 

Со оглед дека генерално расте бројот на разводи, се покренува и прашањето за овој општествен тек. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons